понеделник, 14 јули 2025

Трамп: Да не беше Русија исклучена од Г7, немаше да има војна во Украина (ВИДЕО)

Додека лидерите на земјите членки на Групата седум најразвиени западни земји пристигнуваа на самитот во Канада, американскиот претседател Доналд Трамп се пожали на исклучувањето на Русија од таа група.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Непосредно пред официјалниот почеток на самитот на седумте водечки западни економии, Трамп изјави дека смета дека одлуката за исфрлањето на Русија била „многу голема грешка“.

„Мислам дека сега немаше да има војна доколку Русија беше сè уште во групата“, му кажа Трамп на канадскиот премиер Марк Карни, додавајќи дека неприсуството на рускиот лидер Владимир Путин го отежнува решавањето на глобалните прашања.

Групата на седумте најголеми индустриски сили постои од 1975 година, а Русија стана полноправна членка во 2002 година, со што групата привремено се викаше Г8.

Меѓутоа, во 2014 беше исфрлена по анектирањето на црноморскиот полуостров Крим. Од тогаш форматот повторно е Г7, а членуваат Канада, Соединетите Американски Држави, Британија, Германија, Франција, Италија и Јапонија.

Путин бил длабоко погоден од тоа што му било забрането учеството, оцени Трамп, додавајќи дека токму поради тоа денес разговара само со него.

Иако кажа дека во моментов не е вистинско време за повторно вклучување на Русија, тој истакна дека нејзиното тогашно исклучување било погрешно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ