„Сега сосема и целосно го контролираме небото над Иран. Иран имаше добри системи за следење на воздушниот простор и друга одбранбена опрема, и тоа во големи количества, но тоа не може да се спореди со американската опрема – дизајнирана, смислена и произведена во САД. Никој тоа не го прави подобро од добрата стара Америка“, објави американскиот претседател.
САД се најголемиот воен и дипломатски сојузник на Израел и му донираат милијарди воена помош секоја година, но официјалниот став на Вашингтон од нападот на Израел врз Иран во петокот е дека САД не се вклучени во израелската војна.