вторник, 12 август 2025

Трамп: Царини од 50 отсто за бразилските производи како поддршка на поранешниот претседател Болсонаро

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во писмо до неговиот бразилски колега Луис Игнасио Лула да Силва ја објави својата намера да воведе дополнителна царина од 50 отсто за бразилските производи како одговор на кривичното гонење на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам“, напиша Трамп во писмото, опишувајќи го гонењето на поранешниот бразилски лидер на крајната десница како „лов на вештерки (кој) мора веднаш да заврши“.

Бразилското Министерство за надворешни работи претходно денеска објави дека го повикало на разговори вршителот на должноста амбасадор на САД во знак на протест поради поддршката на амбасадата за Болсонаро, кому му се суди за обид за државен удар.

Американскиот дипломат беше повикан да даде објаснувања по соопштението објавено од амбасадата на САД во среда, во кое се повтори поддршката на претседателот Трамп за Жаир Болсонаро во понеделник.

Бразилскиот претседател Лула да Силва во понеделник отфрли какво било „мешање“ во внатрешните работи на земјата по поддршката на Трамп за Болсонаро.

„Ние сме суверена земја. Не прифаќаме мешање или туторство од никого“, рече Лула да Силва во кусата изјава, набргу откако Трамп побара од јужноамериканската земја да „го остави на мира“ поранешниот претседател Болсонаро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ