„Без големо изненадување, Кина целосно го прекрши договорот“, рече Трамп во порака на својот профил на социјалната мрежа, Трут соушл, без да прецизира што направил Пекинг.
Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека трговските преговори меѓу двете страни се „во застој“.
Официјални лица од САД и Кина објавија на 12 мај дека постигнале договор за укинување на повеќето увозни царини што веќе ги воведоа за 90 дена, со цел да продолжат преговорите за решавање на нивниот трговски спор.
Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир и министерот за финансии Скот Бесант објавија во Женева во тоа време дека и САД и Кина ги намалија царинските стапки за 115 отсто, оставајќи 30 отсто царина за кинеската стока што доаѓа во САД и само 10 отсто за американските стоки што доаѓаат во Кина.
Бесант и Грир рекоа дека двете страни закажале состаноци за продолжување на преговорите за трговските прашања на двете земји.
Во април, американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за кинески стоки на 145 отсто, на што Кина одговори со зголемување на царините за увоз на американски стоки на 125 отсто.
Ваквите високи царини доведоа до меѓусебен бојкот на стоки, со што беше нарушена трговијата која минатата година вредеше повеќе од 660 милијарди долари.