понеделник, 2 јуни 2025

Трамп бара бесплатен премин за американските бродови низ Панамскиот и Суецкиот канал

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека на американските воени и трговски бродови би требало да им се дозволи бесплатно сообраќање низ Панамскиот и Суецкиот канал бидејќи „тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го замолив државниот секретар Марко Рубио веднаш да се погрижи за оваа ситуација“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.

Панамскиот канал го сече најтесниот дел меѓу Северна и Јужна Америка, овозможувајќи им на бродовите побрзо движење меѓу Атлантски и Тихи Океан. Низ него поминуваат 40 отсто од американскиот контејнерски сообраќај секоја година.

САД ја довршиле изградбата на каналот на почетокот на 20 век, а во 1999 година ја предадоа контролата над стратегискиот воден премин на Панама.

Трамп повеќе пати кажа дека сака да го „врати“ каналот. Пред да ја преземе должноста во јануари, тој им кажа на новинарите дека не исклучува користење економска или воена сила за враќање на контролата над каналот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ