вторник, 3 јуни 2025

Трамп: Ако Путин нè завлекува, ќе реагираме поинаку

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека „не може да каже“ дали рускиот претседател Владимир Путин сака окончување на војната во Украина, но најави дека тоа ќе го дознае „за околу две недели“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Моите пораки до Русија зборуваат гласно“, порача Трамп и предупреди дека ќе „реагира поинаку“ ако утврди дека рускиот лидер „го завлекува“.

„Наскоро ќе дознаеме дали нè користи или не, и ако нè користи – ќе реагираме малку поинаку“, кажа Трамп пред Белата куќа.

На прашањето зошто сè уште не вовел санкции против Москва, Трамп одговори дека „не сака да ја уништи шансата за мировен договор“, додавајќи дека е спремен да седне на маса и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, ако е тоа неопходно.

Русија денес му предложи на Киев датум и место за нова рунда на преговорите – 2 јуни повторно во Истанбул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ