Зборувајќи преде највисоките воени претставници во Квантико, Трамп кажа дека повеќе пати бил одминат за наградата, иако верува дека неговите постапки го квалификуваат за признанието.
Американскиот претседател посочи на неговиот последен мировен план за Блискиот Исток, тврдејќи дека тоа е осмиот конфликт во кој помогнал да се реши за исто толку месеци.
„Ќе имаме осум, осум за осум месеци… Ќе ја добиете Нобеловата награда? Апсолутно не“, кажа тој, пред да додаде: „Ќе му ја дадат на некој лик што не направил ништо“.
Трамп се пошегува дека наградата веројатно ќе заврши кај некој писател, инсистирајќи дека не бара лично признание. „Тоа би било огромна навреда за нашата земја, ќе ви кажам. Не ја сакам. Сакам земјата да ја добие“, кажа тој.
Американскиот претседател тврди дека окончал конфликти меѓу Камбоџа и Тајланд, Приштина и Белград, Конго и Руанда, Израел и Иран, Египет и Етиопија, Ерменија и Азербејџан, и Пакистан и Индија.
Кандидатурата на Трамп за Нобелова награда за мир беше поддржана од лидерите на Израел и Камбоџа претходно оваа година. Пакистан, исто така, го номинираше Трамп за наградата, припишувајќи му ја заслугата за деескалацијата на конфликтот со Индија.
Сепак, Њу Делхи ги отфрли тврдењата за надворешно вклучување во посредувањето за прекин на огнот.
Тензиите меѓу Косово и Србија се зголемија претходно оваа година, но никогаш не ескалираа во отворен конфликт, додека конфликтот меѓу Египет и Етиопија околу хидроцентралата на реката Нил, исто така, не ескалираше во војна.
Обидите на Трамп да го реши конфликтот во Украина и да постигне прекин на огнот меѓу Израел и Хамас досега се покажаа како неуспешни.






