петок, 8 август 2025

Трамп: 50 отсто царини за бакар од 1 август

Американскиот претседател Доналд Трамп најави царина од 50 отсто за бакарот од 1 август, со цел да го заштити домашното производство на суровина, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател истакнува дека добил „сеопфатна“ проценка за националната безбедност, според која царините се неопходни за заштита на домашното производство на суровини.

„Бакарот е неопходен за полуспроводници, авиони, бродови, муниција, центри за податоци, литиум-јонски батерии, радарски системи, системи за ракетна одбрана, па дури и хиперсонично оружје, кое моментално го произведуваме во голем број“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

Земјите кои ќе бидат најмногу погодени од новата царина се Чиле, Канада и Мексико, главни добавувачи на рафиниран бакар, бакарни легури и производи од бакар за САД.

Чиле, Канада и Перу ѝ соопштија на американската администрација дека увозот од нивните земји не претставува закана и не треба да биде предмет на царини бидејќи овие земји имаат договори за слободна трговија со САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ