Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека царините за Пекинг ќе се зголемат на 125 отсто, како одговор на, како што тврди, нефер кинеските трговски практики.
Сепак, Белата куќа денеска појасни дека оваа бројка не ја вклучува постојната тарифа од 20 отсто, која Трамп ја воведе во првите недели од својот втор мандат поради неактивноста на Кина во ограничувањето на протекот на фентанил.
Вкупната стапка од 145% е надополнување на сите други царини што беа во сила пред Трамп да се врати во Белата куќа, кои варираат во зависност од видот на производот.
Вчера Трамп ги паузираше повеќето свои глобални царини со воведување стандардна стапка од 10% на увозот од речиси сите земји. Главен исклучок останува Кина, која ѝ возврати на Америка со царинска противмерка од 84 проценти.