вторник, 9 декември 2025

Топлотните бранови го тестираат европскиот електроенергетски систем

Европските енергетски системи беа под големо оптоварување ова лето, бидејќи топлотните бранови ја зголемија побарувачката за електрична енергија и ги принудија електраните да го сопрат производството.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јуни беше најжешкиот месец регистриран во Западна Европа, што предизвика зголемена употреба на климатизација и нагло зголемување на цените на електричната енергија. Повеќето делови од Европа доживеаја најмалку два интензивни топлотни бранови во јуни и јули, а некои и повеќе.

Вкупната побарувачка за електрична енергија во Европската Унија за време на двонеделниот врв на топлотниот бран од 23 јуни до 3 јули се зголемила за 7,5 отсто во споредба со истиот период минатата година, според индустриското тело Еурелектрик.

Во исто време, топлото време принудило некои нуклеарни централи да го намалат производствениот капацитет или привремено да се затворат.

Налетот на топлотните бранови ова лето означил „масовна промена“ за енергетските системи на Европа, вели за Фајненшл тајмс Јан Розену, раководител на енергетската програма на Институтот за еколошки промени на Универзитетот во Оксфорд.

„Зголемената побарувачка за електрична енергија историски се случувала во зима во Европа, но како што летата стануваат потопли во одреден момент, тоа би можело да се смени“, вели тој.

Европа се затоплува побрзо од глобалниот просек. Научниците предупредија на зголемување на интензитетот и времетраењето на екстремните временски настани, вклучувајќи ги и топлотните бранови, поради климатските промени.

Кристијан Руби, генерален секретар на Еурелектрик, вели дека операторите на електричната мрежа се соочуваат со „тешка реалност“ и дека „мора да бидат подготвени“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ