недела, 14 декември 2025

Топлотен бран со „историски интензитет“ ја погоди Франција

Топлотен бран со „историски интензитет“ ја погоди Франција, особено југозападните и централно-источните делови на земјата. Метео-Франс издаде црвено предупредување за топлотен бран за 14 департмани, при што се предвидува дека топлината денес ќе се интензивира во регионот Оверњ-Рона-Алпи, објави Ле Фигаро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Исклучителниот топлотен бран продолжува и се шири: црвената тревога останува на сила на југозапад до среда, а денес достигнува до Рона, Изер, Дром и Ардеш“, објави метеоролошката агенција Ла Шејн, која нагласи дека станува збор за „голем топлотен бран со историски интензитет“.

Температурни рекорди беа срушени вчера во департманот Нова Аквитанија – 42,1 степени Целзиусови беа измерени во Бержерак и 41,6 степени Целзиусови во Бордо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ