Температурите веќе наутро се над 30 степени Целзиусови, а ниту ноќите не се пријатни. Властите предупредија дека условите ќе се влошат и очекуваат четврток и петок да бидат уште полоши.
Грција воведе забрана за секаква работа на отворено во најжешкиот дел од денот за да ги заштити ранливите работници, вклучително и во градежништвото, земјоделството и доставата. Само доставувачите во климатизирани возила смеат да работат.
Туризмот е исто така погоден. Акрополот во Атина редовно е затворен во најжешкиот дел од денот за да ги заштити посетителите и вработените од топлотен удар и проблеми со циркулацијата.
Турската метеоролошка служба издаде предупредување за топлотен бран кој ќе трае до петок. Во Дијарбаркир на југоистокот од земјата се очекуваат температури до 45 степени Целзиусови, а во Анталија и по должината на егејскиот брег околу 40 степени Целзиусови.
Властите ги повикаа граѓаните, особено децата и постарите лица, да останат во своите домови до вечерта за да ги избегнат здравствените ризици поврзани со топлината.






