понеделник, 8 декември 2025

Терористички напад во Англија, девет лица се борат за живот (ВИДЕО)

Десет лица беа избодени синоќа во воз за Кембриџшир, на околу 80 километри од Лондон, по што две лица беа уапсени, полицијата соопшти дека станува збор за „значаен инцидент“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тие потврдија дека антитерористичките единици ќе ја поддржат истрагата.

Деветмина повредени се однесени во болница со повреди опасни по живот, додека едно лице е хоспитализирано со полесни повреди, пренесува утрово Би-би-си.

Британската полиција соопшти дека работи на утврдување на околностите и мотивите на инцидентот, како и дека националниот код „Плато“ е употребен во одговорот на полицијата и итните служби на инцидентот, наведува Гардијан.

Инцидентот се случил помеѓу станиците Стивениџ и Питерборо, поради што сите железнички линии биле прекинати, железничката компанија ЛНЕР синоќа ги повика луѓето да „не патуваат“ поради „големи прекини“ во сообраќајот како резултат на повеќекратни напади со нож во воз до Хантингдон во Кембриџшир.

Локалната полиција соопшти дека вооружени полициски сили биле испратени во станицата Хантингдон по повик вчера вечерта.

„Вооружени полицајци го запреа возот во Хантингдон, каде што беа уапсени двајца мажи“, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата на Источна Англија изјави дека силите обезбедиле „обемна реакција“.

Еден очевидец изјави за Би-би-си дека видел човек како излегува од возот со крвава рака и вели: „Имаат нож, бегајте“, пред да се онесвести.

Британскиот премиер Кир Стармер во објава на платформата Икс изјави дека „застрашувачкиот инцидент во воз во близина на Хантингдон е длабоко загрижувачки“ и ги повика луѓето да ги следат советите на локалните власти.

„Моите мисли се со сите погодени и им благодарам на службите за итни случаи за нивниот одговор. Секој што е во таа областа треба да ги следи советите на полицијата“, изјави Стармер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ