Зад одлуката стојат и тензии во врвот на Армијата. Џорџ тесно соработувал со цивилниот секретар на Армијата Ден Дрискол, кого Хегсет го сметал за проблематичен. Во изминатиот период, Хегсет отстрани и други високи офицери.
Џорџ е кариерен офицер со долг стаж, кој ја извршуваше функцијата од 2023 година и претходно беше близок со поранешниот министер за одбрана Лојд Остин — што, според изворите, не му одело во прилог во новото раководство.
Се очекува неговото место привремено да го преземе ген. Крис Ланев, кој веќе беше поставен за заменик-началник и важи за човек близок до новата администрација.
Ланев претходно го привлече вниманието на претседателот Доналд Трамп, кој по еден негов јавен настап го пофали со зборовите: „Овој човек е како создаден за улогата или што?“.
„Нема да си играат играчки со тебе. Тоа е добро“, додаде Трамп. „Сакам да го видам тоа. Никој не си игра играчки со тој човек“.






