петок, 19 декември 2025

Тексас усвои преработена изборна мапа на барање на Трамп: Републиканците ќе можат да освојат пет дополнителни места во Конгресот

Собранието на американската држава Тексас вчера дефинитивно усвои нова изборна мапа што ќе им овозможи на републиканците да освојат до пет дополнителни места во американскиот Конгрес, за време на парламентарните избори оваа година, на половина од тековниот мандат.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изврши јавен притисок врз републиканските претставници на државата на југот на земјата да спроведат такво прераспределување со цел да го задржи своето сегашно тесно мнозинство во федералниот Конгрес. Републиканскиот гувернер на Тексас, Грег Абот, сега треба да ја промовира новата мапа.

„На пат сме да освоиме дополнителни пет места во Конгресот и да ги спасиме вашите права и слободи и вашата земја“, го поздрави Трамп овој потег на владата на Тексас на својата платформа „Трут соушл“.

Изборната мапа на Тексас ќе биде прецртана за да се разводенат гласовите на демократите, техника на изборно прераспределување наречена „џеримандеринг-манипулација со избори“.

Демократските пратеници, кои се малцинство во собранието на Тексас, се обидоа да се спротивстават на ова на различни начини, вклучително и „со бегство“ од државата на почетокот на август за да се спречи кворум, поради нивното заминување, републиканците не беа во можност да организираат гласање за текстот повеќе од две недели.

Демократската група во Претставничкиот дом на Тексас ја осуди желбата на републиканците да ги замолчат малцинските гласачи преку расистичко „манипулирање со изборните единици“, велејќи дека новата изборна мапа ги разводнува гласовите на афроамериканските и латиноамериканските гласачи кои традиционално гласаат за демократите.

Од 38 претставници од сојузната држава Тексас во американскиот федерален Конгрес, моментално 25 се републиканци. Белата куќа се надева дека по изборите следната година ќе има 30. Како одговор на оваа иницијатива на Тексас, демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, ќе преземе чекори за прилагодување на мапата за да одговара на неговата партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ