вторник, 6 мај 2025

ТАСС: Русија и САД во следните денови во Турција ќе одржат нова рунда преговори

Нов круг разговори меѓу Русија и Соединетите Американски Држави ќе се одржи во следните денови во Истанбул, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на министерството за надворешни работи на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Делегацијата на Москва ќе ја предводи Александр Дарчиев, неодамна именуван за руски амбасадор во САД, а на чело на делегацијата на Вашингтон ќе биде помошничката на заменикот на државниот секретар Соната Колтер.

Двете делегации ќе ги сочинуваат исклучиво дипломати, а преговорите ќе се фокусираат на нормализацијата на работењето на дипломатските мисии во двете земји, според руското министерство.

Руска и американска делегација на крајот на февруари во Турција почнаа со преговорите во обид за обновување на нормалното функционирање на нивните амбасади.

Двете земји во текот на минатата деценија земно протеруваа дипломати и го ограничуваа вработувањето нови луѓе во амбасадите.

Војната во Украина го предизвика најголемиот конфликт меѓу Москва и Западот од Кубанската криза во 1962 година, кога двете суперсили за време на Студената војна дојдоа на чекор од нуклеарна војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ