недела, 8 јуни 2025

ТАСС: Преговорите меѓу Русија и Украина почнуваат утре

Руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на извор близок до преговорите, јави дека директните разговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул ќе почнат утре.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ниту една страна засега официјално не ја потврди промената на распоредот, а претходно се очекуваше преговорите да се одржат денес.

Денот во Истанбул го обележа целосна неизвесност околу тоа дали воопшто и кога ќе се одржат мировни преговори меѓу Украина и Русија. Засега, одговорот сè уште е нејасен, но сè уште не е исклучена можноста тие да се одржат утре.

Делегации од Украина, Русија и САД моментално се во Истанбул, кој претходно беше најавен како локација на состанокот. Сепак, ниту еден од тројцата клучни лидери – Зеленски, Путин или Трамп – нема да биде присутен.

Владимир Путин дури утрово објави дека нема лично да присуствува, одлучувајќи да испрати делегација предводена од претседателскиот советник Владимир Медински. Оваа одлука предизвика реакција од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја обвини Русија дека не е сериозна во врска со преговорите.

Зеленски го испрати министерот за одбрана Рустем Умеров како свој претставник.

САД: Без личен контакт нема напредок

На краткиот брифинг за медиумите пред неколку часа, американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ќе се сретне со украинската делегација в петок, изјави дека не очекува голем напредок.

„Според мене, нема да има пробив сè додека претседателот Трамп и претседателот Путин не разговараат директно за ова прашање“, рече Рубио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ