недела, 14 декември 2025

Талибанците го забранија интернетот во северен Авганистан

Талибанската влада го забрани интернетот во делови од северен Авганистан за да „спречи неморални активности“, соопштија талибанските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е прва ваква забрана на интернетот откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година.

Талибанците им забранија на девојчињата да одат во средно училиште, а на жените да работат во многу сектори.

Забраната се однесува на пет провинции – Кундуз, Бадакшан, Баглан, Такар и Балк – на северот на земјата, кои ги вклучуваат населените центри на регионите.

Се однесува на сите интернет врски преку оптички кабли, соопштија официјални лица.

Пристапот до интернет преку мобилни телефони ќе биде достапен, порачаа тие. Наведените провинции соопштија дека сите врски се исклучени.

„Оваа мерка е преземена за да се спречат неморални активности“, се наведува во соопштението, додавајќи дека ќе бидат обезбедени алтернативи за основните потреби.

Поранешниот американски амбасадор во Авганистан, Залмај Халилзад, кажа дека забраната е апсурдна.

„Ако вистинската причина за загриженост е порнографијата, како во многу исламски земји, таа лесно може да се блокира со филтри. Многу земји во исламскиот свет го прават токму тоа“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ