„Вчера на членовите на Конгресот им беше соопштено дека војната е неизбежна и дека ќе биде објавена вечерва во девет часот, во обраќањето на претседателот до нацијата. Којзнае, патем, дали тоа навистина и ќе се случи… Еден од членовите на Конгресот ми го кажа тоа утрово“, истакна Карлсон.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ѝ се обрати на нацијата од Белата куќа во четврток во три часот наутро по средноевропско време. Белата куќа објави дека говорот на претседателот ќе биде посветен на резултатите од годината и новите иницијативи.






