четврток, 19 февруари 2026

Такер Карлсон приведен во Израел

Новинарот Такер Карлсон и негов соработник биле приведени во Израел откако направиле интервју со американскиот амбасадор во земјата, Мајк Хакаби, јавуваат медиумите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие биле задржани на аеродромот Бен Гурион, каде што биле испрашувани од израелски безбедносни службеници.

„Луѓе кои се претставуваа како обезбедување на аеродромот ни ги зедоа пасошите, го однесоа нашиот извршен продуцент во споредна соба, а потоа побараа да им кажеме што сме разговарале со амбасадорот Хакаби“, изјави Карлсон.

Пред интервјуто, Карлсон објави фотографија на Инстаграм со својот деловен партнер Нил Пател пред аеродромот Бен Гурион од средата, со наслов: „Поздрави од Израел“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ