„Извинете, тоа не е антисемитизам. Станува збор за шеф на држава чии одлуки доведуваат до смрт на Американци и влијаат на текот на светската историја, просперитетот, но и на иднината на САД“, кажа Карлсон во својот последен подкаст на мрежата Такер Карлсон нетворк.
Поранешниот водител на Фокс њуз додаде: „САД мора да ѝ кажат на владата на Израел: „Вие не сте главни“. Ниту една администрација не платила повисока цена поради попуштање од сегашната администрација“.
Карлсон, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, е против воената акција против Иран и, според Њујорк тајмс, дури и се сретнал со Трамп неколку пати во Белата куќа за да го одврати од нападот.
Неколку американски функционери, вклучувајќи го и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, ги бранеа потезите на Вашингтон како „превентивни“, тврдејќи дека знаеле дека Израел ќе нападне, иако изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сугерираа поинаку.
„Доналд Трамп е најсилниот лидер во светот. Тој го прави она што мисли дека е правилно за Америка“, изјави Нетанјаху синоќа за Фокс њуз.






