среда, 4 јуни 2025

Тајната служба го испрашувала поранешниот директор на ФБИ: Наводно повикувал на атентат врз Трамп

Американската тајна служба го испрашувала поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми во врска со објавата на социјалните мрежи што републиканците ја протолкуваа како повик за атентат на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави извор од безбедносните сили.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп вчера изјави дека одлуката за евентуалните обвиненија ќе ја донесе државниот обвинител Пам Бонди, пренесува Асошиејтед прес.

Објавата на Коми се однесува на објава на Инстаграм во која тој напиша – „кул формација на школки на мојата прошетка по плажа“, заедно со слика од школки кои изгледаат како да ги формираат броевите „86 47“.

Според речникот Меријам-Вебстер, бројот 86 е жаргонски термин што значи „да се исфрли“ или „да се ослободи од“ и, како што е наведено, меѓу поновите значења на бројот е „да се убие“, иако ова значење не се користи често.

Бројот 47 би можел да се однесува на Трамп, со оглед на тоа што тој е 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.

Многу функционери од администрацијата на Трамп, вклучувајќи ја и министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, рекоа дека Коми повикал на убиство на Трамп.

На прашањето за време на интервјуто за Фокс њуз, Трамп рече дека Коми точно знаел што значи тоа.

„Дури и дете го знае тоа. Ако сте директор на ФБИ и не знаете што значи тоа – тоа значи убиство. И тоа е јасно напишано“, изјави Трамп.

Коми беше директор на ФБИ кога Трамп дојде на власт во 2017 година.

Тој беше назначен на оваа позиција од тогашниот американски претседател Барак Обама, а пред тоа беше висок функционер во Министерството за правда за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш.

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ