недела, 14 декември 2025

Тајмс оф Израел: Србија од Израел купува оружје за 1,64 милијарди долари

Србија е европската земја која стои зад огромниот договор за оружје со израелскиот одбранбен гигант Елбит системс, вреден 1,64 милијарди долари, објави Тајмс оф Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, израелската компанија објави склучување на договор за испорака на прецизни артилериско-ракетни системи со долг дострел и беспилотни летала, но идентитетот на купувачот не беше откриен во тоа време, наведува израелскиот медиум.

Како дел од петгодишниот одбранбен договор Елбит ќе ѝ испорача на Србија пакет беспилотни борбени системи управувани од вештачка интелигенција, кој вклучува беспилотни летала за тактичка и оперативна употреба.

Договорот вклучува испорака на прецизни артилериски ракети со долг дострел на Елбит и одбранбени производи опремени со напредни ИСТАР системи за информации, надзор, лоцирање на цели и извидување. Пакетот, исто така, вклучува комуникациски и сигнално-разузнавачки системи, како и напредна електрооптичка опрема и системи за ноќно гледање, заклучува Тајмс оф Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ