среда, 18 февруари 2026

Тајмс оф Израел: Иран и Русија ќе спроведат воени вежби во близина на американски носач на авиони

Иран и Русија во четврток, 19 февруари, ќе спроведат воени вежби во Оманскиот Залив и северниот Индиски Океан, објави израелскиот медиум Тајмс оф Израел, повикувајќи се на ирански медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Координацијата во заедничките мерки за борба против активностите кои ја загрозуваат поморската безбедност… како и борбата против поморскиот тероризам, се меѓу главните цели на оваа заедничка вежба“, изјавил командантот на иранската морнарица Хасан Махсудлу.

Јавните податоци за следење објавени од Поморскиот институт на Соединетите Американски Држави покажуваат дека американскиот носач на авиони УСС Абрахам Линколн би можел да биде во близина на локацијата каде што ќе се спроведува вежбата, според Тајмс оф Израел.

Иранската револуционерна гарда неодамна го блокираше Ормускиот теснец, кој ги поврзува Персискиот Залив и Оманскиот Залив, и таму спроведе воени вежби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ