„Магазинот Тајм напиша релативно добра приказна за мене, но фотографијата е можеби најлошата на сите времиња. Ми ја избришале косата, а потоа ставиле нешто што лебди над мојата глава и изгледа како круна, но многу мала. Баш чудно! Никогаш не ми се допаѓаше кога ме фотографираат од долен агол, но оваа слика е навистина лоша и заслужуваат да бидат прозвани. Што тие прават и зошто“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушнал.
Насловната страница на списанието Тајм, покажана вчера со наслов „Неговиот триумф“, содржи фотографија од Трамп снимен одоздола, а американскиот претседател како гледа нагоре, навидум осветлен од силна сончева светлина.
Трамп вчера беше домаќин на самитот за Газа кој се одржа во египетското одморалиште Шарм ал Шеик на Црвено Море. Таму тој потпиша документ за прекин на војната во Газа со претставниците на Египет, Катар и Турција.
Трамп, кој беше критикуван и фален за неговиот пристап кон дипломатијата на Блискиот Исток, има долга и комплицирана историја со магазинот Тајм. Весникот честопати го прикажува на својата насловна страница, понекогаш не баш позитивно, но двапати го именуваше за личност на годината.






