понеделник, 8 декември 2025

Тајланд ја нападна Камбоџа (ВИДЕО)

Тајланд започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, соопшти тајландската војска, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку еден тајландски војник е убиен, а четворица се ранети во новите судири што избувнаа околу две подрачја во најисточната покраина Убон Ратчатани, соопшти тајландската војска откако нејзините единици се нашле под камбоџански оган.

„Тајландската страна сега почна да користи авиони за напад на воени цели во неколку подрачја“, се наведува во соопштението.

Камбоџанското министерство за одбрана изјави дека тајландската војска взори почнала напади врз нивните сили на две локации, по повеќедневни провокативни акции, и додаде дека камбоџанските единици не возвратиле.

Граничниот спор прерасна во петдневна војна во јули, пред договорот за прекин на огнот во кој посредуваа малезискиот премиер Анвар Ибрахим и претседателот на САД Доналд Трамп, кој исто така беше сведок на потпишувањето на проширениот мировен договор меѓу двете земји во Куала Лумпур во октомври.

Најмалку 48 луѓе се убиени, а се проценува дека 300.000 се привремено раселени за време на судирите во јули, при што соседите разменуваа ракети и тежок артилериски оган.

Но по експлозијата на нагазна мина минатиот месец во која беше осакатен еден од нивните војници, Тајланд објави дека ја запира примената на договорот за прекин на огнот со Камбоџа.

Во Тајланд се евакуираат повеќе од 385.000 цивили во четири погранични окрузи, а над 35.000 веќе се сместени во привремени засолништа, изјави тајландската војска.

Тајланд и Камбоџа повеќе од еден век заемно си го оспоруваат суверенитетот на необележаните точки долж копнената граница долга 817 километри, која првпат била мапирана од Франција во 1907 година кога таа владеела со Камбоџа како со колонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ