понеделник, 9 март 2026

СЗО: Во Иран паѓа дожд измешан со нафта (ВИДЕО)

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека американско-израелските напади врз иранските нафтени постројки ги загадуваат храната, водата и воздухот во земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во некои делови од земјата е забележан дожд измешан со нафта“, напиша на социјалните мрежи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека ваквото загадување може да има особено тешки последици за децата, постарите лица и луѓето што веќе имаат здравствени проблеми.

„Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, како и неговото влијание врз јавното здравје, предизвикуваат сериозна загриженост.

Оштетувањето на нафтените постројки во Иран носи ризик од загадување на храната, водата и воздухот — опасности што можат да имаат тешки здравствени последици, особено за децата, постарите лица и луѓето со претходни здравствени проблеми.

Во некои делови од земјата е пријавено дека паѓа дожд измешан со нафта.

Во Либан од 28 февруари досега се убиени девет здравствени работници, а 16 се повредени. Дополнително, 43 центри за примарна здравствена заштита и пет болници се затворени поради наредби за евакуација.

Светската здравствена организација внимателно ја следи ситуацијата во Иран, Либан, Ирак и во сите погодени земји и им помага на локалните власти да го одржат функционирањето на здравствените системи, да ги заштитат заедниците и да ги намалат здравствените ризици.

Ги повикувам сите страни да ја намалат ескалацијата и да спречат дополнителни ризици за здравјето на луѓето, за здравствените установи и за здравствените работници, како и натамошно ширење на конфликтот низ регионот.

Мирот секогаш е најдобриот лек“, порача Гебрејесус.

Во американско-израелските напади за време на викендот беа погодени повеќе нафтени постројки во Техеран и неговата околина, при што загинале четири лица, според иранската државна телевизија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ