четврток, 11 декември 2025

СЗО: Најновите анализи потврдуваат дека вакцините не предизвикуваат аутизам

Комитетот за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најновите прегледи на научните докази повторно потврдуваат дека не постои врска меѓу вакцините и нарушувањата од аутистичниот спектар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Глобалниот советодавен комитет на СЗО за безбедност на вакцините анализирал два систематски прегледи што опфаќаат студии објавени од 2010 до август 2025 година, пренесе Ројтерс.

Прегледите ги опфатиле вакцините воопшто, како и вакцините што содржат тиомерсал – конзерванс на база на жива, кој со години е предмет на неосновани тврдења дека придонесува за појава на аутизам.

Според комитетот, причинска врска може да се разгледува само кога повеќе висококвалитетни студии доследно покажуваат статистички значајна поврзаност.

Од 31 анализирана студија, 20 не пронашле никакви докази за поврзаност меѓу вакцините и аутизмот.

Преостанатите 11 студии, кои сугерирале можност за врска, биле оценети како методолошки слаби, со висок ризик од пристрасност.

Соопштението на СЗО доаѓа откако американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Јуниор минатиот месец изјави за Њујорк тајмс дека му наложил на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да го преиспита својот долгогодишен став дека вакцините не предизвикуваат аутизам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ