Светската банка предвидува дека вкупната стапка на економскиот раст на Албанија, Босна и Хецеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија ќе достигне 3,2 отсто во 2025 година, што е 0,5 отсто помалку во однос на претходните проекции. Во 2026 се очекува забрзување на растот на 3,5 отсто.
„Успорената економска активност во Европската Унија и продлабочената неизвесност на глобалните текови исто така може негативно да влијаат на изгледите за (економски) раст во овој регион“, вели Шјаџинг Ју, директорката на Светската банка за Западен Балкан.
Претходните проекции, кои предвидуваа поголем економски раст на регионот, беа засновани на сразмерно ниска стапка на инфлацијата и раст на платите кој би поттикнал трошење, како и на раст на јавните инвестиции.
Највисока стапка на раст Светската банка предвидува за Косово, и тоа од 4,8 отсто. На второ место е Србија, на која аналитичарите ѝ предвидуваат раст од 3,5 отсто, следи Албанија со 3,2 отсто. За БиХ е предвиден раст од 2,7 отсто, а за Македонија од 2,6 отсто.
Во извештајот Светска банка истакнува дека во периодите на неизвесност на диверзификацијата на изворите на раст и обновување на програмата на структурни реформи најефикасни се стратегиите за зачувување на економската отпорност.
Меѓу клучните мерки ја наведуваат потребата од отстранување на пречките за пристап до пазарот на труд, вклучувајќи ги ограничувањата кои влијаат на жените, потоа продлабочување на регионалните економски интеграции, подобрување на стандардот на управување и зголемување на пазарната конкуренција за поттикнување на продуктивноста и пружање поддршка на долгорочниот раст.
Шесте економии на Западен Балкан би требало како приоритети да ги постават реформите на своите системи на социјална заштита и службите за вработување, со што би им помогнале на сите работно способни жители да ги пребродат временските неприлики како поплавите, сушите и шумските пожари и да бидат подготвени за новите прилики за вработување со транзицијата кон обновлива зелена енергија.
Јакнењето на системите за заштита на доходот од работата како одговор на ударите на вработеност и поголемата флексибилност на системот за социјална заштита би помогнале во спречувањето на сиромаштијата. Покрај тоа, преквалификација на работниците за „зелени“ работни места би придонеле на одговорот за изменетата побарувачка на вештини, со што би се поттикнале продуктивноста и економскиот раст, се наведува во извештајот на Светска банка.