вторник, 7 април 2026

Светот никогаш не видел ваква криза со нафта и гас, вели шефот на Меѓународната агенција за енергија

Тековната нафтена и гасна криза предизвикана од блокадата на Ормускиот теснец „е посериозна од оние од 1973, 1979 и 2022 година заедно“, изјави Фатих Бирол, директор на Меѓународната агенција за енергија, за францускиот весник Ле Фигаро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Светот никогаш не доживеал нарушување на снабдувањето со енергија од вакви размери“, рече тој во интервју за францускиот весник објавено денес.

Тој додаде дека ќе бидат погодени европските земји, како и Јапонија, Австралија и други, но дека најзагрозени се земјите во развој, кои ќе страдаат поради повисоките цени на нафтата и гасот, повисоките цени на храната и општото забрзување на инфлацијата.

Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија минатиот месец се договорија да ослободат дел од своите стратегиски резерви. Дел од тоа веќе е пуштено на пазарот и процесот продолжува, рече Бирол.

Како реакција на нападите на Израел и Соединетите Американски Држави, Иран речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот теснец, низ кој вообичаено минуваат околу 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика нагло зголемување на цените на енергијата.

Важноста на нафтата се гледа токму во структурата на производите што настануваат при преработка на еден барел сурова нафта: дел оди за горива како бензин и дизел, а остатокот го сочинуваат авионско гориво, течен гас, петрохемиски суровини и производи како мазива, восоци и асфалт.

Тоа значи дека нафтата не е клучна само за транспортот, туку и за цела низа индустрии — од производството на пластика и хемикалии до градежништвото и логистиката. Кога ќе дојде до нарушување во снабдувањето, последиците не се чувствуваат само на бензинските пумпи, туку се прелеваат врз цените на храната, транспортот, индустриските производи и инфраструктурата, што дополнително ја поттикнува инфлацијата и ги забавува економиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ