Индексот Стокс 600 на водечките европски акции во 9.30 часот беше во минус 0,2 отсто.
Инвеститорите се претпазливи бидејќи денес попладне Трамп ќе ја објави одлуката за возвратните царини.
На пазарите владее голема неизвесност бидејќи не се знае дали царините ќе се применуваат на увозот од сите земји, или само за оние со кои САД имаат најголем трговски дефицит, и дали стапката на царините ќе биде иста за сите или различна.
И додека некои сметаат дека по објавата на Трамп ситуацијата ќе биде јасна, други не се сигурни во тоа.
„Мислам дека нема да добиеме јасна слика каква што инвеститорите и бизнисмените посакуваат. Многу време потрошивме на разговорите за царините, но поважна приказна е што со економијата која не е во полна брзина“, вели Гарет Мелсон, стратег во компанијата Натиксис инвестмент менаџерс солушнс.
Можеби денес ситуацијата ќе биде појасна околу прашањето на царините, но одговорот на прашањето како тие царини ќе влијаат на економијата треба да се причека некое време.
Повеќето аналитичари очекуваат раст на инфлацијата и негативно влијание на меѓународната трговија, а со тоа и раст на економиите.
А бидејќи многу земји, вклучувајќи ги Кина, Канада и Европската унија, најавија противмерки, инвеститорите се плашат од ескалација на царинската војна., што дополнително би ја влошило ситуацијата во светската економија.
„Трамп 2 април го нарече „Ден на ослободувањето“, но малку е веројатно дека пазарите навистина ќе бидат ослободени од царинските неизвесности. Ако другите земји возвратат со противмерки, Трамп би можел да го зголеми влогот, а тоа и понатаму може да ги држи инвеститорите во неизвесност“, објаснува Васу Менон, стратег во компанијата ОЦБЦ.