сабота, 4 април 2026

Свети Стефан се отвора по пет години поминати под клуч, порача црногорскиот премиер

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ објави дека градот-хотел Свети Стефан од ова лето повторно ќе ги отвори своите врати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата на Црна Гора ги усвои условите за спогодба меѓу Црна Гора и компанијата Адриатик пропертис во врска со повторното отворање на комплексот Аман Свети Стефан (островот Свети Стефан и вилата Милочер.

Претходно беше објавено од Владата дека на седницата ќе добијат предлог за условите за спогодбата во арбитражата која се води пред меѓународен суд во Лондон меѓу Црна Гора и Адриатик пропертис.

Во своето обраќање до јавноста премиерот Спајиќ објави дека Владата „го заштитила националниот интерес и направила важен чекор напред за црногорскиот туризам“.

Спајиќ истакна и дека е избегната потенцијална штета за државата од повеќе од 100 милиони евра.

„Зголемена закупнина за хотелите во Свети Стефан – од 1.285.000 на 1.555.000 евра. Зголемена закупнина за ХТП Милочер – од 350.000 на 423.000 евра. Износите на закупнините ќе бидат индексирани и зголемени со инфлацијата уште од самиот почеток на работата. Исплата на разликата од околу 500.000 евра. Фиксно плаќање на ДДВ од 21 процент на сите износи, што досега не беше случај. За прв пат, државата добива 10 проценти од профитот“, кажа Спајиќ.

Планирано е закупот да се продолжи за пет години, колку што не работеше комплексот, а компанијата Адриатик пропертис е должна да го отвори хотелот најдоцна во јуни 2026 година.

Спајиќ истакна и дека нема дополнително градење во Милочерски парк, покрај постоечките дозволи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ