четврток, 8 мај 2025

Судот на БиХ поднесе жалба до Интерпол на одлуката да не издава црвена потерница за Додик

Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) ја обжали одлуката на Интерпол да не издаде меѓународна потерница за претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поради природата на комуникацијата со НЦБ Интерпол, Судот во овој момент може само да ја потврди информацијата дека преку канцеларијата на НЦБ Интерпол е испратено барање за преиспитување на одлуката за одбивање на барањето за издавање црвена потерница на Интерпол, додека сите други околности и информации се сметаат за доверливи“, му одговорил Судот на БиХ на сараевскиот портал Кликс (klix.ba).

Во почетокот на април, Генералниот секретаријат на Интерпол го одби барањето на Судот на БиХ за меѓународна потерница за Додик и Стевандиќ, повикувајќи се на член 3 од Статутот на Интерпол, кој се однесува на „политички прогон“.

Претходно и Србија и Унгарија официјално поднесоа приговор на барањето на Судот на БиХ.

По Додик и Стевандиќ, како и по премиерот на РС, Радован Вишковиќ, е распишана централна потерница бидејќи одбиле да одговорат на поканата за распит во Обвинителството на БиХ во врска со истрагата за „напад на уставниот поредок“.

Тие се сметаат за одговорни затоа што Националното собрание на РС усвои закони со кои се забранува Судот и Обвинителството на БиХ, Високиот судски и обвинителски совет (ХЈПЦ) и Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) да работат на територијата на Република Српска.

Судот на БиХ по нив распиша интерна потерница, но без разлика на тоа, Додик и Стевандиќ неколку пати ја преминаа државната граница без никаква реакција од надлежните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ