понеделник, 15 декември 2025

Судирите во градот Свеида престанаа, сириските безбедносни сили воспоставија прекин на огнот (ФОТО)

Судирите во сирискиот град Свеида престанаа, областа е исчистена од припадници на бедуинските племиња откако сириските безбедносни сили беа распоредени за спроведување на прекинот на огнот, изјави портпарол на сириското Министерство за внатрешни работи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Сириската влада претходно објави дека испраќа безбедносни сили на југот од земјата за да го одржат мирот, по речиси една недела судири меѓу припадниците на племињата Друзи и членови на бедуинските племиња, пренесува Ројтерс.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Лондон, Друзите успеале да ги истуркаат ривалските вооружени фракции од Свеида, откако сириската влада прогласи прекин на огнот со посредство на Соединетите Американски Држави за да се избегне понатамошна израелска воена интервенција.

Иако Друзите ја вратија контролата врз градот, судирите продолжуваат во другите делови од покраината, каде што продолжуваат борбите со вооружени бедуини и племенски борци од други делови на Сирија.

Опсерваторијата соопшти дека „племенските борци биле повлечени од градот Свеида во саботата вечерта“ откако силите на Друзи започнале сеопфатна офанзива.

Басем Факр, портпарол на една од најголемите вооружени групи Друзи, „Луѓе на достоинство“, изјави за Анадолиоја дека „во градот повеќе нема присуство на бедуини“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ