Ситуацијата ескалирала кога полицијата очигледно издвоила еден маж од толпата со намера да го уапси. Според извештајот на дописникот на Си-ен-ен Рајан Јанг, федералните агенти „агресивно“ се движеле кон мажот за да го приведат. Тие авлегле во толпата, а потоа почнале да пукаат со бибер куршуми за да ги потиснат демонстрантите.
„Не знаеме зошто решија да го гонат овој господин. Имаше многу луѓе кои стоеја мирно, а потоа, одеднаш, втрчаа и се обидоа да го фатат“, кажа Јанг, додавајќи дека мажот на крајот бил уапсен.
Demonstrators and federal agents faced off outside the Whipple federal building in Minneapolis. Border Patrol officers deployed teargas + chemical agents and detained multiple people.
Eventually the crowd (lots of moms) thinned out bc many of the protesters had to go to work. pic.twitter.com/RQP8mjEuPN
— Matt Gutman (@CBSMATTGUTMAN) January 8, 2026
Судирите продолжиле на влезот на паркингот на федералната зграда, каде што агентите користеле и супстанца слична на гас. На снимките од местото на настанот, може да се види облак од чад, а може да се слушне како демонстрантите кашлаат и се задишуваат.
Anti-ICE protestors and federal agents clash after fatal shooting in Minneapolis https://t.co/rIUkaYwW1G pic.twitter.com/vw7sglhpsU
— New York Post (@nypost) January 8, 2026
Демонстрантите истакнуваат дека поради постапките на федералните службеници, тие мора да се штитат едни со други. „Сакаме да ги заштитиме нашите луѓе. Сакаме да ги заштитиме сите. Знаеме дека не сакаме никој друг да умре тука во Минесота денес“, изјави за Си-ен-ен Бет Гендлер, извршна директорка на Националниот совет на еврејски жени од Минесота.
Гендлер ја опиша толпата како „огромна толпа жители на Минесота кои велат: „Знаете што? Избркајте го ИЦЕ од нашиот град! Ние сме тие што се грижиме едни за други за безбедноста“. „И искрено, колку подолго остануваме тука, колку подолго се овие момци тука, толку помалку време поминуваат на улиците, приведувајќи ги нашите соседи“, додаде таа.
Случајот предизвика остри реакции и од самиот врв на власта. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, застана во одбрана агентот, повторувајќи го тврдењето на администрацијата дека дејствувал во самоодбрана. Според Венс, полицаецот на ИЦЕ кој ја уби Рене Никол Гуд „пукал во самоодбрана“ и дека „другите агли на видеото покажуваат дека жената јасно го удрила службеникот со својот автомобил додека забрзувала“.
Во претходен пост, американскиот потпретседател напиша: „Дали мислите дека овој полицаец погрешил што го бранел својот живот од лудата левичарка која се обидела да го прегази?“ Сепак, властите во Минеаполис го оспорија тврдењето на администрацијата на Трамп за самоодбрана.
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп продолжува да инсистира дека агентот на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) дејствувал во самоодбрана. Тој ја повтори својата теза во обемно интервју, а исто така им пушти и видео од инцидентот на новинарите како доказ, пишува Њујорк тајмс.
На прашањето како заклучил дека Гуд се обидела да го прегази агентот кој ја застрелал, Трамп побарал од еден помошник повторно да ја пушти снимката. „Таа се однесуваше ужасно“, рече Трамп. „А потоа го прегази. Не се обиде да го прегази. Го прегази“.
Сепак, новинарите кои беа во просторијата кажаа дека видеото што го пушти Трамп не ја прикажува Гуд како го прегазува агентот на ИЦЕ. Наместо тоа, на видеото се гледа како жената го враќа автомобилот наназад откако друг агент се обидува да ја извлече, а потоа се движи напред и се обидува да скршне непосредно пред да биде застрелана. „Тоа е ужасна глетка“, коментираше Трамп и покрај сè. „Мислам дека е ужасно да се гледа. Не, мразам да го гледам тоа.“
Убиената жена е 37-годишната Рене Никол Гуд, потврди нејзината мајка за медиумите. Гуд живеела со својот партнер во Минеаполис и застрелана во близина на нејзиниот дом. Нејзината мајка Дона Гангер потврди дека семејството било информирано за трагичната вест доцна во среда наутро.
Откако од новинарите дознала за некои од околностите кои довеле до смртта на нејзината ќерка, скршената мајка Дона Гангер рекла: „Толку е глупаво. Мора да била преплашена.“
Таа нагласила дека нејзината ќерка „воопшто не била дел од такво нешто“, мислејќи на демонстрантите кои се судрија со агентите на ИЦЕ. „Рене беше една од најљубезните личности што некогаш сум ги познавала“, рече таа. „Таа беше исклучително сочувствителна. Цел живот се грижеше за луѓето. Беше љубезна и нежна. Беше неверојатно човечко суштество“.
Додека Министерството за внатрешна безбедност тврди дека Рене Никол Гуд била „насилна злосторничка“ која се обидела да прегази агенти, градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј порача дека станува збор за „несовесна употреба на сила“.
Инцидентот се случи во среда наутро околу 10:25 часот по локално време, а снимките објавени од минувачи ја покажуваат напнатата ситуација. На нив може да се види автомобил кој ја блокира улицата, додека демонстрантите и возилата за спроведување на законот се во близина.
Агентите се приближуваат до возилото, а еден од нив се обидува да ја отвори возачката врата. Друг агент стои пред возилото кое во тој момент се обидува да тргне. Потоа агентот испукува три истрели. Возилото ја губи контролата и удира во паркиран автомобил. Врз основа на достапните снимки, изгледа дека агентот воопшто не бил удрен од возилото.
Снимката не покажува никаков контакт или некаков знак дека полицаецот е повреден, иако претходно се вели дека бил лекуван во болница и пуштен, додека Трамп на социјалните мрежи изјави дека жената „го прегазила полицаецот“.
Службениците на администрацијата на Трамп го нарекоа инцидентот дел од шема на анти-Трамп демонстранти кои им се закануваат на полицајците на ИЦЕ, но критичарите велат дека се гледа дека жената се обидува да ги избегне. ФБИ и државни службеници на Минесота ја спроведуваат истрагата.






