Несреќата се случила околу 19:45 часот во близина на Адамуз, недалеку од Кордоба, кога брз воз кој сообраќал од Малага до Мадрид излетал од шините. Возот на компанијата Ирјо се префрлил на соседната пруга, на која во спротивна насока возел возот Алвија на националната компанија Ренфе, со брзина од 200 километри на час. Едно од загинатите лица бил машиновозачот на другиот воз. Службите за итни случаи биле испратени на местото на настанот за извлекувањето на заробените патници.
Службите за итни случаи на Андалузија објавија дека најмалку 25 лица се тешко повредени, додека останатите се здобиле со полесни повреди.
Al menos cinco personas han muerto y varias han resultado heridas y un número no precisado están atrapadas tras el descarrilamiento de dos trenes de alta velocidad en el término municipal de #Adamuz (#Córdoba). Vía @elespanolcom
Desde JUPOL nuestro más sincero pésame a las… pic.twitter.com/GB2h5pr7DF
— JUPOL (@JupolNacional) January 18, 2026
Приватната железничка компанија Ирјо, која управувала со линијата од Малага, го потврди излетувањето на возот од шините и соопшти дека во него имало околу 300 патници.
По несреќата, целиот железнички сообраќај помеѓу Мадрид и Андалузија бил прекинат.
Возот Ирјо тргнал од Малага во 18:40 часот кон станицата Пуерта де Аточа во Мадрид, а во 19:39 часот се случило излетувањето од шините во областа Адамуз. Поточно, последните вагони, од шестиот до осмиот, скокнале од шините и ја блокирале пругата на возот Алвија (Мадрид-Хуелва), кој во тој момент се движел со брзина од 200 километри на час. Поради тоа возот Алвија се излизгал и паднал низ насип од пет до шест метри, соопштија официјални извори.
Во вагоните кои паднале по насипот имало 53 лица. Возот Ирјо не се движел толку брзо како возот со кој се судрил, иако точната брзина сè уште не е позната, и успеал да застане кратко време по несреќата. Починатиот машиновозач имал 27 години. Извори блиски до истрагата наведуваат дека сите тешко повредени веќе се префрлени во болници. Вкупно 29 лица се хоспитализирани, од кои пет се во исклучително тешка состојба.
Nuevas imágenes, facilitadas por @guardiacivil, de la zona del accidente ferroviario de #Adamuz y de las primeras tareas de investigación esta mañana. Sigue la búsqueda de evidencias que puedan servir para identificar a víctimas y conocer las causas del accidente.#Alvia#Iryo pic.twitter.com/Qqz2yllIel
— Patricia Raduá Quintero 📺🎙📻📰▶️ (@PatriciaRadua) January 19, 2026
Градоначалникот на Адамуз Рафаел Морено бил меѓу првите кои пристигнале на местото на несреќата заедно со локалната полиција. Тој кажа дека видел барем едно тело кое било распарчено и фрлено на неколку метри од местото на несреќата.
„Го видов патникот буквално растргнат. Ние бевме првите што пристигнавме и го најдовме телото пресечено на половина. Немаше осветлување, беше ноќ. Глетката беше ужасна“, кажа Морено во изјава за Ел Паис.
Тој верува дека судирот не бил фронтален, туку страничен, бидејќи не ги видел вагоните целосно згмечени. „Не мислам дека биле на истата пруга, но не беше јасно во темницата. Сега ние, градоначалниците и мештаните, сме целосно посветени да им помогнеме на патниците. Автобусите се на пат да ги пренесат до општинската сала, која е подготвена за прием“, кажал видливо потресениот Морено.
Извори од шпанското министерство за транспорт навеле дека причините за несреќата ќе бидат познати подоцна, но дека засега се чини дека возот Ирјо, „од сè уште непознати причини“, се лизнал на рамен дел од пругата, при што последните вагони делумно влегле на паралелната пруга. Во тој момент воз доаѓал од Мадрид кон Хуелва, и ги удрил тие вагони. Погодените вагони биле отфрлени и поместени до четири метри.
Descarrila un tren en Córdoba #Adamuz desplazados efectivos sanitarios @E112Andalucia
Circulan imágenes y vídeos del accidente. pic.twitter.com/97WWdsxy7L
— Pablo Fernández (@SantaLeonor13) January 18, 2026
Андалузискиот центар 112 објави дека на терен биле испратени шест мобилни единици за интензивна нега, две единици за транспорт на критични пациенти, две возила за логистичка поддршка, три класични амбулантни возила, пет амбулантни возила за планиран транспорт и две амбулантни возила на Црвениот крст. Интервентната единица на УМЕ со 37 војници и 15 возила, кои пристигнале од Морон де ла Фронтера, се упатиле кон местото на несреќата. Андалузиската влада ги суспендирала сите официјални настани.
Шефот на противпожарната служба на Конзорциумот Кордоба, Пако Кармона, изјави за ТВЕ дека спасувале луѓе со различни видови повреди – исеченици, модринки, контузии и отворени фрактури – и дека пристапот до вагоните бил исклучително тежок бидејќи биле извиткани и полни со „купови железо“, седишта и други пречки.
Салвадор Хименез, новинар на ТВЕ кој бил во еден од возовите, кажа дека некои патници успеале да го напуштат возот без сериозни повреди.
„Бев во првиот вагон. Во еден момент, сè се чувствуваше како земјотрес. Веднаш повикаа луѓе од здравствената служба кои можеа да помогнат, употребија чекани за да ги скршат прозорците и конечно нè евакуираа“, кажа Хименез.
Шпанскиот премиер Педро Санчез кажа дека владата работи со службите за итни случаи за да им помогне на погодените, додека претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуанма Морено изрази загриженост и поддршка до жртвите и нивните семејства.
Шпанскиот крал Фелипе Четврти и кралицата Летиција изјавија дека со голема загриженост ги следат вестите за катастрофата. „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на починатите, како и нашата блискост и желби за брзо закрепнување на повредените“, објави кралската палата на Икс.
Во официјално соопштение, компанијата Ирјо изрази „длабоко жалење за она што се случи“ и изјави дека ги активирала „сите свои протоколи за итни случаи“. Патниците од двата воза беа евакуирани, потврди менаџерот на железничката инфраструктура Адиф, а сообраќајот на брзата линија помеѓу Мадрид и Андалузија е целосно прекинат. Адиф, исто така, потврди дека сообраќајот помеѓу Мадрид и Кордоба, Севиља, Малага и Хуелва ќе остане прекинат во текот на целиот денешен ден.
Ренфе синоќа објави дека на погодените станици се поставени информативни пунктови за семејствата, а во Мадрид, Кордоба, Уелва и Севиља се активирани служби за психолошка помош за жртвите и нивните семејства.






