недела, 14 декември 2025

Судењето на Болсонаро не беше лов на вештерки, му порача Лула да Силва на Трамп

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека судењето на неговиот екстремно десничарски претходник, Жаир Болсонаро, „не беше лов на вештерки“, што е спротивно на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во својата прва реакција на 27-годишната затворска казна изречена за неговиот лут ривал за заговор за државен удар, Лула во колумна во Њујорк тајмс напиша дека е „горд со Врховниот суд на Бразил за оваа историска одлука“, додека Трамп оваа недела ја нарече казната на Болсонаро „мошне ненадејна“.

Бразилскиот претседател е во дипломатска криза со САД по судењето на Болсонаро, десничарски лидер и близок сојузник на Трамп, кој го казни Бразил со воведување царини од 50 проценти на бразилските стоки. САД, исто така, санкционираа неколку судии на Врховниот суд на Бразил поради судењето на Болсонаро.

Поранешниот претседател Болсонаро, 70, оваа недела беше осуден за заговор за државен удар за да се спречи Лула да ја преземе функцијата, и покрај тоа што Лула го победи на изборите во 2022 година.

„Повеќемесечните истраги открија планови за атентат врз мене, потпретседателот и судиите на Врховниот суд“, напиша Лула.

Трамп напиша дека судењето на Болсонаро „навистина ме потсети на она што се обидоа“ да му го направат нему – кога имаше проблеми со судството затоа што ги повика своите поддржувачи да го нападнат Капитол Хил во Вашингтон на 6 јануари 2021 година, за да го спречат официјалното прогласување на победникот на претседателските избори што тој ги загуби и инаугурацијата на победникот на изборите, Џозеф Бајден.

Бразилските судови го прогласија поранешниот претседател за одговорен за поттикнување немири против седиштето на владата во Бразилија на 8 јануари 2023 година, а Болсонаро тврдеше дека е „жртва на прогон“ и од домашен притвор во својот дом во Бразилија најави дека ќе се жали пред меѓународни судови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ