четврток, 17 април 2025

Студентите во Србија блокираа автобуси за собирот на Вучиќ, полицијата насилно ги отстрани (ВИДЕО)

Инцидент со полицијата се случи на раскрсница во населбата Шестово во Нови Пазар, Србија, кога студентите сакале да спречат автобус со приврзаници на Српската напредна партија (СНС) да тргне на митинг во Белград, јавува Н1.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„И граѓани и студенти беа грабани за нозе и раце и фрлани на страна“, вели Давуд Делимеџац, студент од Нови Пазар.

Студентите велат дека полицијата употребила насилни мерки, дел од учениците биле соборени, а дел повредени.

„Дојде полиција, седнавме на подот, пружавме пасивен отпор. Полицијата употреби сила, буквално нè фрлаше од патот. Повредени се неколку студенти, еден средношколец има повреди на главата и раката, интервенираше Брза помош“, изјави Делимеџац.

Полицијата, посочува, добила наредба да ги отстрани за да може да се помине.

Според Делимеџац, државен службеник, вработен во Градската управа од автобусот ги пцуел децата пред полицијата да постапи по „службена должност“.

Според него, таму имало над 50 студенти кои мирно седеле на асфалтот, а имало и жители на Нови Пазар, јавува Н1.

Како што јави репортерот Н1 од Нови Пазар, дел од полицијата веќе се повлекла од кружниот тек, тој е прооден за сообраќај, но сè уште има полициски возила. Таму сè уште има собрани студенти и граѓани.

Студентот Андреј од Белград за Н1 вели дека бил во првиот ред кога се случил инцидентот.

„Полицијата почна насилно да нè поместува, да нè крева, да нè влече по патот… врз нас употребија сила. Ни се закануваа и луѓето од автобусот, се залетуваа на нас, но полицијата спречи поголеми инциденти“, вели овој студент на кој при интервенцијата полицијата му ја скинала јакната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ