„Режимот одамна го утврди виновникот – студентите и граѓаните се виновни. Шефот на државата повеќе не се крие зад фрази за дијалог, претседателот најави чистка. Полицијата повторно ги заштити лојалистите на режимот кои фрлаа камења и пукаа со пиротехнички средства кон демонстрантите. Тие се појавија и пред народот со пиштол“, се наведува во објавата на Инстаграм.
Тие додаваат дека нема да им дозволат да „продолжат да уништуваат човечки животи“.
„Додека највисоките државни функционери ни се закануваат нам и на нашите другари секој ден, се обидуваат да предизвикаат немири и да им засадат страв во коските на сите што се борат за подобро утре, имаме јасна порака за нив: попаметниот не попушта, попаметниот организира! Повикајте на избори, кукавици“, порачаа тие.
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) August 14, 2025






