среда, 11 јуни 2025

Студентите му одговорија на Вучиќ: Многу кажува за еден човек тоа кого го смета за јунак

Студентите кои учествуваат во блокадите низ Србија оценија дека многу кажува за еден човек кого тој го смета за јунак, откако претседателот на Србија Александар Вучиќ ги нарече херои активистите на владејачката Српска напредна партија (СНС), кои се во притвор четири месеци, под сомнеж дека претепале неколку студенти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Краток потсетник за оние кои заборавиле за што беа уапсени „јунаците“: тие „јунаци“ ѝ смачкаа вилица на една девојка. По „јуначкиот подвиг“, премиерот на земјата (Милош Вучевиќ) поднесува оставка. Многу кажува за еден човек кого тој го смета за јунак“, порачаа студентите на социјалната мрежа Икс.

Вучиќ побара активистите на СНС, кои беа обвинети за претепување на неколку студенти од Нови Сад, од кои еден сериозно повреди студентка, да бидат ослободени.

„Слобода на јунаците! Никола Благојевиќ, Данило Рајичевиќ, Стефан Којовиќ, Немања Деспотовиќ. Затвор за терористите што блокираат“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

Претседателот на владејачката СНС, Милош Вучевиќ, претходно изјави дека ќе ги повика членството, симпатизерите и граѓаните да го блокираат судот во Нови Сад, за да бидат ослободени четворицата активисти на СНС, што го поддржа и претседателот на Србија во својата изјава за Информер.

Четворица активисти на СНС се во притвор под сомнение дека претепале двајца студенти во Нови Сад, при што еден од нив беше тешко повреден, по што Вучевиќ поднесе оставка од функцијата премиер на Србија на 28 јануари.

Повикот на Вучиќ и Вучевиќ доаѓа по неколкудневната блокада на судот во Нови Сад од страна на граѓани и студенти, кои протестираа против продолжувањето на притворот на активистите на Движењето на слободни граѓани и СТАВ.

Претходно Апелацискиот суд го замени притворот за тројца активисти со куќен притвор, додека одлуката за притвор за преостанатите тројца активисти ја врати на првостепениот орган за одлучување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ