недела, 21 декември 2025

Студентите демонстранти најавија собир за поддршка на Србите на Косово за 11 октомври

Српските студенти што демонстрираат против денес најавија дека на 11 октомври во Белград ќе организираат митинг за поддршка на српскиот народ на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што објавија на социјалните мрежи, собирот е закажан за 14 часот пред Правниот факултет, од каде што ќе почнат протестна прошетка до седиштето на Канцеларијата за Косово и Метохија во Нов Белград.

„Свесни дека народот од Косово и Метохија е оставен без поддршка и помош од страна на актуелната власт, освен кога нивното страдање се користи за цели на медиумска и изборна пропаганда, очигледно игнорирајќи го фактот дека помагањето на своите граѓани е нивна морална и законска обврска, ние, студентите што блокираат, кои се залагаме за праведна држава и почитување на уставот, сме должни да ја потсетиме јавноста дека Универзитетот во Приштина (преместен во Северна Митровица) е дел од нашиот универзитетски систем и да бидеме солидарни со нашите колеги и заедно да го завршиме медиумскиот мрак“, порачаа студентите.

Тие истакнаа дека мора да се подигне свеста за репресијата и проблемите што се случуваат на Косово секој ден.

„Исто така, мора одлучно да одбиеме да молчиме пред неправдата и заедно да покажеме солидарност со нашиот народ на Косово и Метохија“, истакнаа тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ