недела, 5 април 2026

Стотици војници го спасувале американскиот пилот, самите уништувале авиони за да не им паднат во раце на Иранците (ФОТО)

Операцијата за спасување на американскиот пилот на соборениот Ф-15 во Иран била исклучително сложена и вклучувала стотици припадници на специјалните сили и десетици авиони и хеликоптери, објавува Би-би-си.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Аналитичарот на Би-би-си Крис Партриџ наведува дека ова е една од најголемите операции за потрага и спасување во последните години, во која биле користени значајни воени ресурси.

Според Би-би-си, офицерот за оружје кој седел на второто седиште на Ф-15Е „страјк игл“, бил повреден за време на мисијата над јужен Иран. И покрај тоа што бил повреден, тој успеал да се движи и да избегне заробување повеќе од еден ден, вооружен само со пиштол.

Ова е прво соборување на Ф-15Е во борба по повеќе од 20 години.

Американските сили отвориле оган за да спречат ирански војници да се приближат до местото каде што се наоѓал пилотот. Според достапните информации за време на операциите имало и размена на оган со иранските сили.

Би-би-си наведува и дека два од петте американски транспортни авиони кои се користеле во операцијата не успеале да полетаат од Иран. Американските сили ги уништиле наводно за да не паднат во рацете на непријателот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ