Некои со рацете го покажуваа знакот на победата, а повеќето со насмевки на лицата излегоа од автобусот што ги донесе од израелскиот затвор до културниот центар во градот каде што се наоѓа седиштето на Палестинската самоуправа.
„Тоа е чувство што не може да се опише, преродба“, изјави за АФП Махди Рамадан, неодамна ослободен затвореник, опкружен со своите родители.

За многумина, тоа е ослободување по многу години, дури и децении. Стотина од нив пристигнаа во Рамала, некои од нив изгледаа гладни и со видливи повреди.
Автобуси со палестински затвореници исто така пристигнаа и во Газа. Маскирани лица, очигледно членови на Хамас, дојдоа во болницата Насер каде што беше поставена бина и столчиња за да ги пречекаат.
NOW: Buses carrying Palestinian prisoners arrive in Ramallah, West Bank. pic.twitter.com/sDmXS3kVJI
— Clash Report (@clashreport) October 13, 2025
Меѓу ослободените Палестинци се 250 лица приведени од „безбедносни причини“, вклучувајќи многу осудени за смртоносни антиизраелски напади, како и 1.700 Палестинци уапсени од израелската војска во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Израел се согласи да ги ослободи во замена за ослободување на заложниците во Појасот Газа, што е дел од првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Оттогаш Израел беснее низ Појасот Газа.
A deeply emotional moment: two Palestinians climb the bus to embrace their brother, newly released under the exchange deal.#Palestine #ramallah #Gaza pic.twitter.com/D72y4WYVEp
— In Context (@incontextmedia) October 13, 2025
Хамас ги ослободи преостанатите 20 живи израелски заложници од нивното двегодишно заложништво во Газа порано денес. Според израелските медиуми, сите ослободени заложници се во „добра состојба“.
Телата на 28-те починати заложници треба да бидат предадени, процес што Израел не очекува да биде завршен денес. Формирана е посебна комисија за лоцирање на нивните останки во урнатините на Газа.






