петок, 27 февруари 2026

Статуата на Черчил кај британскиот парламент осамна со натпис „ционистички воен злосторник“ (ФОТО)

Статуата на британскиот воен премиер Винстон Черчил на Парламент сквер во лондонски Вестминстер била цел на вандали во текот на ноќта.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Со црвена боја биле испишани пораки: „ционистички воен злосторник“, „запрете го геноцидот“, „слобода за Палестина“, „никогаш повеќе е сега“ и „да ја глобализираме интифадата“.

Статуата е оградена со заштитна лента, а утрово почна нејзиното чистење. Споменикот е поставен на североисточниот агол на плоштадот во 1973 година.

Минатиот декември Метрополитен полицијата и полицијата на Голем Манчестер објавија дека секој што ќе извикува „да ја глобализираме интифадата“ ќе биде уапсен. Таа одлука е донесена по терористичкиот напад на Бонди Бич во Сиднеј и нападот на синагога во Хитон парк во Манчестер на 2 октомври.

Интифада е арапски збор што значи „востание“ или „бунт“, а најчесто се однесува на палестинските востанија против израелската власт, на пример Првата интифада од 1987 до 1993 година и Втората интифада од 2000 до 2005 година. Во современиот политички контекст изразот се користи како повик на отпор, но често е контроверзен бидејќи може да се толкува како поттикнување насилство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ