„Одлуката на израелската влада да ја засили својата офанзива во Газа е грешка и ја повикуваме веднаш да ја преиспита“, се вели во соопштението на британскиот премиер.
Според него, овој план нема да придонесе за прекин на конфликтот или ослободување на заложниците.
Стармер оцени дека акцијата на Израел „само ќе доведе до поголем масакр“.
Израелскиот безбедносен кабинет синоќа го одобри планот на премиерот Нетанјаху за „поразот“ на Хамас во Појасот Газа.






