недела, 28 декември 2025

Стармер е спремен да испрати британски војници во Украина да го чуваат мирот

Британскиот премиер Кир Стармер вчера рече дека е спремен да испрати војници во Украина доколку е потребно за безбедноста на Велика Британија и Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обединетото Кралство игра водечка улога во поддршката на Киев во неговата војна против Русија, што „исто така значи дека сме подготвени и спремни да придонесеме за безбедносните гаранции за Украина со испраќање на свои војници на терен доколку е потребно“, истакна Стармер, пишувајќи за Телеграф.

„Не го кажувам ова лесно“, додаде тој, потврдувајќи дека ја разбира „одговорноста што се подразбира со потенцијалното доведување на мажите и жените од британската армија во опасност“. Но „помагањето да се обезбеди безбедноста на Украина значи помагање да се обезбеди безбедноста на нашиот континент и безбедноста на земјата“.

Стармер потврди дека ќе учествува на денешниот европски состанок во Париз за да се соочи со „забрзувањето“ на американската администрација во врска со Украина и да дефинира заеднички одговор за зајакнување на безбедноста на стариот континент.

Тој исто така рече дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „во наредните денови“. Според премиерот, Обединетото Кралство има „уникатна улога“ во обезбедувањето блиска соработка меѓу Европа и САД.

„Американската поддршка ќе остане најважна, а американското безбедносно осигурување е од суштинско значење за траен мир бидејќи само Соединетите Држави можат да го одвратат (рускиот претседател Владимир) Путин од повторен напад“, нагласи Стармер.

Покрај францускиот претседател Емануел Макрон, на собирот што се организира во Париз, во пресрет на третата годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари, се очекува да присуствуваат и лидерите на владите на Германија, Обединетото Кралство, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ