недела, 1 март 2026

Стармер: Британските авиони се во воздухот како дел од координирана одбрана од Иран

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран утрово, но дека британските вооружени сили сега се активни како дел од координирана одбранбена операција во регионот, пренесе Индипендент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стармер нагласи дека британската војска е ангажирана во заштита на сојузниците и интересите на земјата, додавајќи дека „британските авиони денес се во воздух“ како дел од заедничките одбранбени активности. Британските сили се ангажирани за заштита на британските граѓани, војници и сојузниците во регионот, рече британскиот премиер.

Премиерот го опиша режимот во Иран како „одвратен“ и предупреди дека никогаш не смее да му се дозволи да развие нуклеарно оружје, како и дека регионот не смее да се втурне во поширока војна и дека е потребна е воздржаност од сите страни.

„Нашите сили се активни и британските авиони се во воздухот денес како дел од регионалните координирани одбранбени операции за да ги заштитиме нашите луѓе, нашите интереси и нашите сојузници“, изјави Стармер, сигнализирајќи поддршка за американските партнери и регионалната безбедност.

Вклучувањето на британските сили сигнализира дека кризата околу Иран веќе не е ограничена само на Израел и САД, туку добива поширока западна безбедносна димензија. Со распоредувањето авиони и активирањето воени капацитети, Лондон покажува подготвеност да ги заштити своите интереси и сојузници во регионот, но истовремено се обидува да ја задржи позицијата на сила што делува одбранбено, а не како иницијатор на нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ