недела, 7 декември 2025

Српските студенти одржаа протест кај Генералштабот во Белград: „Црвена линија која не се гази“ (ФОТО)

Студентите демонстранти се собраа пред зградата на Генералштабот во Белград во, како што опишаа – „предупредувачки протест“ наречен „Ние сме жив ѕид“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите, кои се противат на одлуката за донесување специјален закон кој треба да ја забрза изградбата на комплекс на тој простор кој беше цел на агресијата на НАТО, формираа „жив ѕид“, беше исцртана црвена линија која, како што велат студентите, „не се гази“, а со тишина им беше оддадена почит на жртвите од уривањето на стреата во Нови Сад.

Тие на митингот кај Генералштабот дојдоа од четири локации – од Факултетот за ветеринарна медицина, од Плоштадот на Републиката, од зградата на техничките факултети на булеварот Крал Александар и од Земунскиот факултет, пренесува РТС.

Во петокот пратениците во српскиот парламент усвоија специјален закон, или Закон за посебни постапки за спроведување на проектот за ревитализација и развој на локацијата во Белград помеѓу улиците Кнез Милош, Масарикова, Бирчанинова и Ресавска, кој предвидува уривање на комплексот на архитектот Никола Добровиќ, некогаш прогласен за културно богатство. Како што претходно беше најавено, Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, таму ќе гради, меѓу другото, и хотел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ