Дачиќ на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија претходно го посетија членови на семејството и претседателот Александар Вучиќ.
„Ивица тукушто излегува од болница. Благодарен сум на лекарите што направија чудо и среќен сум за него и семејството кое го слават животот и големата победа. За да не се лути никој, тој е социјалист, а јас не сум, па му се заблагодарувам на Бога. П.С. Од следната недела ќе мора да ми се придружи во вршењето на работата, нема повеќе излежување“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.
Дачиќ се ракуваше со лекарите во знак на благодарност. „Ви благодарам, само сакам да ги замолам сите да го чуваат своето здравје. Да живее Србија“, порача тој.
Дачиќ беше хоспитализиран кон крајот на февруари поради тешка двострана пневмонија и беше приклучен на респиратор до 2 март. Во тоа време, неговата состојба беше опишана како „многу сериозна“, а лекарите избегнуваа да даваат поконкретни прогнози.
Ивица Дачиќ е претседател на Социјалистичката партија на Србија, коалициски партнер на владејачката Српска напредна партија.






