среда, 11 март 2026

Српски политичар: Можеби не се сите усташи Хрвати., но сите Хрвати се усташи

Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ објави на Фејсбук дека нема да го откаже концертот во салата Спенс во Нови Сад на 14 март, иако неговиот колега Тони Цетински го направи тоа пред неколку дена.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Добри луѓе, ви благодарам што сте со мене. Својот дар го пренесувам со мојот глас и затоа мојата турнеја е големо благодарам до сите што доаѓаат. Продолжуваме да шириме љубов и музика веќе овој викенд во Нови Сад“, порача Јозиновиќ.

Настапот на Јозиновиќ доаѓа по откажувањето на Тони Цетински, кој го откажа концертот закажан за 8 март, со тврдење дека салата Спенс била „концентрационен логор“ за хрватски ветерани и цивили во 1991 година.

Одлуките на двајцата пејачи предизвикаа низа реакции во Србија. Потпретседателот на Собранието на Војводина Немања Завишиќ, член на СНС, кој во медиумите го величи српскиот претседател Александар Вучиќ и жестоко ги напаѓа студентските протести, објави статус на Фејсбук.

„Неверојатно е колку Срби се изненадени што еден Хрват (Тони Цетински) покажал дека е усташ. Кога ќе ја прифатиме вистината? Можеби не сите усташи се Хрвати, но сите Хрвати се усташи. Нема братство и единство. И така е тоа“, напиша Завишиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ